Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарите во Македонија, Општина Прилеп и ТППЕ Прилеп организираат презентација на дел од противпожарната опрема и показна вежба.

Граѓаните ќе имаат можност одблиску да се запознаат со возилата, опремата и подготвеноста на прилепските пожарникари, како и да проследат показна интервенција.

Локација: Плоштад „Методија Андонов – Ченто“ 20.05.2026 среда, од 10:00 – 11:00 часот.

Општина Прилеп упатува честитки до сите пожарникари за нивната пожртвуваност, храброст и секојдневна грижа за безбедноста на граѓаните. објавува Журнал.мк

Scroll to Top