Нови информации за односите во семејството на Бред Пит и Анџелина Џоли повторно ја брануваат јавноста, откако американските медиуми објавија дека актерот не присуствувал на матурирањето на својата ќерка Захара Џоли, ниту, наводно, контактирал со неа за време на важниот ден.
Според извештајот на tmz.com�, Захара ја прославила дипломата на колеџот „Спелман“ опкружена со нејзината мајка и браќата и сестрите, додека Бред Пит не побарал ниту билети за церемонијата, ниту се појавил на настанот.
Извори блиски до семејството тврдат дека актерот останал целосно дистанциран од прославата, а еден извор изјавил дека „ништо не го спречило да се појави за неа“.
Во меѓувреме, блиски лица до Бред Пит наводно сметаат дека односите меѓу него и децата станале длабоко нарушени по долгогодишниот конфликт со Анџелина Џоли и дека секој негов обид за повторно зближување можеби не би бил прифатен.
Оддалечувањето во семејството последниве години станува сè поочигледно и во јавноста. Захара во повеќе наврати се претставувала само со презимето „Џоли“, без „Пит“, додека нејзината сестра Шајло Џоли наводно поднела и правни документи за официјално да го отстрани презимето Пит.
Исто така, Вивиен Џоли користела само „Џоли“ додека работела на бродвејската продукција на The Outsiders.
Бред Пит и Анџелина Џоли беа една од најпознатите холивудски двојки. Тие се запознаа за време на снимањето на Mr. & Mrs. Smith, се венчаа во 2014 година, а две години подоцна Џоли поднесе барање за развод.
- Оттогаш, поранешната двојка води долги судски и семејни битки поврзани со старателството и имотот, а во интервју за Vogue во 2020 година, Џоли изјави дека одлуката за развод ја донела „за доброто на семејството и децата“.






