Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека денеска во просториите на Бирото за рамномерен регионален развој е потпишан договор за одобрување средства за реализација на проектот „Уредување со поставување на урбана опрема во локалитет – Стар даб, село Марчино“.
Според Тоневски, со реализацијата на проектот, Пробиштип и селото Марчино ќе добијат нова туристичка и рекреативна локација, уредена со летниковци, урбана опрема и содржини за организиран престој на посетителите.
„Продолжуваме посветено да инвестираме во секоја област и во секое населено место. Подготвуваме техничка документација за проекти во повеќе населени места“, истакна Тоневски.
Тој додаде дека локалната самоуправа продолжува со активности за развој на инфраструктурата и унапредување на условите за живот и туризам во општината.
„Од проектирање до реализација – инвестициите започнуваат“, порача градоначалникот на Пробиштип.






