Младиот пејач Дамјан Стоименовски викендов одржа настап пред бројна публика, приредувајќи вечер исполнета со емоции, познати хитови и одлична атмосфера.

Со внимателно одбран репертоар и придружба од млад бенд, Дамјан изведе песни од домашната и регионалната сцена, а публиката пееше заедно со него во текот на целата вечер.

„Ова беше еден од оние моменти што долго се паметат. Им благодарам на сите што беа дел од оваа вечер и што ми дадоа огромна поддршка“, изјави Дамјан по настапот.

Настапот беше проследен со позитивни реакции на социјалните мрежи, каде што Дамјан сподели дел од атмосферата и фотографиите од сцената.

Инаку, Дамјан Стоименовски е млад артист кој веќе зад себе има неколку авторски проекти, меѓу кои „Рингишпил“, „Води ме“, „Исти сме“ и „Те губам“, а публиката го препознава по емотивниот вокал и модерниот музички израз.






