Граѓански форум во Битола: Идеи и предлози за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“

Општина Битола организира граѓански форум посветен на уредувањето и разубавувањето на плоштадот „Гоце Делчев“.

Форумот ќе се одржи на 3 јуни со почеток од 14:00 часот во Офицерскиот дом во Битола, а граѓаните ќе имаат можност да ги споделат своите мислења, идеи и согледувања поврзани со изгледот и уредувањето на плоштадот.

Од Општина Битола информираат дека целта е преку директна комуникација со јавноста да се добијат предлози кои ќе придонесат за поквалитетно и поубаво урбано уредување на еден од најзначајните јавни простори во градот.

„Ве очекуваме“, порачуваат од локалната самоуправа.

Scroll to Top