ВЛЕН соопшти дека по одржувањето на Конгресот на Обединувањето со засилен интензитет продолжува со политичките и организациските активности на терен, во целосна координација со партиските структури низ државата.
Од ВЛЕН информираат дека во изминатите денови биле реализирани бројни средби со активисти и локални структури, на кои се разговарало за теренските активности, внатрешната организација и следните чекори на политичко делување.
„Секојдневната комуникација со базата донесе мобилизација, координација и целосна синхронизација на структурите на сите нивоа“, наведуваат од коалицијата.
Според ВЛЕН, се гради нов модел на политичко дејствување кој, како што велат, се темели на блискост со граѓаните, со базата и на подготовка за претворање на ветувањата од Конгресот во конкретна работа.
Од коалицијата порачуваат дека по Конгресот на Обединувањето не запираат со активностите, туку продолжуваат со организација, мобилизација и подготовки за следната фаза од политичкото дејствување.
Во наредниот период, ВЛЕН најавува презентација на повеќе иницијативи и политички ставови кои, како што посочуваат, произлегуваат од визијата усвоена на Конгресот и од директната комуникација со граѓаните и структурите на терен.






