Времето повторно ќе покаже заби: Најавени интензивни врнежи и невреме

Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност, но попладневните и вечерните часови повторно носат услови за локална нестабилност и невреме.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот температурите ќе достигнат од 24 до 33 степени, при што најтопло ќе биде во југоисточните делови од земјата.

Попладне и во текот на ноќта на повеќе места се очекуваат повремени врнежи од дожд, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Метеоролозите предупредуваат дека на одредени подрачја можно е да се развие невреме со пообилни врнежи и појава на град, особено во западните, северните и источните делови од земјата.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови и во текот на ноќта во делови од котлината се очекува нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Највисоката дневна температура во главниот град ќе достигне околу 33 степени.

Граѓаните се советуваат внимателно да ги планираат активностите на отворено во попладневните и вечерните часови, кога постои можност за брза промена на времето и локални невремиња.

Scroll to Top