Џенифер Лопез откри какви мажи ја привлекуваат: „Не дискриминирам, најважно ми е каква личност е“

Холивудската ѕвезда и музичка икона Џенифер Лопез отворено проговори за љубовта, врските и животните лекции што ги научила по бројните љубовни разделби, откривајќи дека физичкиот изглед никогаш не бил пресуден при изборот на партнер.

Во интервју за ток-шоуто „Subway Takes“, пејачката и актерка истакна дека нема однапред дефиниран „тип“ на маж што ја привлекува.

„Не дискриминирам. Ми се допаѓаат слаби мажи, ми се допаѓаат и оние со неколку килограми повеќе. Сакам бради, но ми се допаѓаат и мазно избричени лица. Тоа навистина не е важно“, изјави Лопез.

Таа нагласи дека најважно за неа е каков е човекот одвнатре.

„Мене ми е важна личноста, карактерот и тоа каков човек е партнерот“, додаде таа.

Разделбите не ги смета за неуспех

Џенифер Лопез зборуваше и за љубовните прекини, нагласувајќи дека никогаш не ги доживува како пораз.

„Раскинувањето не е неуспех. Искрено, го гледам како отскочна штица кон подобра верзија од себе“, рече таа.

Со препознатлива доза хумор, додаде дека луѓето треба да почнат да ги слават разделбите.

„Треба да организираме забави кога ќе раскинеме. Некој да ти каже: ‘Ракинавте? Честитки!’“, изјави низ смеа.

Пејачката призна дека токму најтешките емотивни моменти најмногу ја обликувале како личност.

„Најголемите емоционални, психолошки и ментални промени во мојот живот секогаш доаѓаа по скршено срце“, откри Лопез.

Според неа, болката ги тера луѓето да се преиспитаат и да работат на себе.

„Тогаш почнуваш да си поставуваш прашања – што се случи, што можев да направам подобро и што можам да научам од тоа“, истакна таа.

Испрати и јасна порака до оние кои без размислување ги повредуваат другите.

„Ако целиот живот кршиш туѓи срца… тогаш ти си губитник“, порача Џенифер.

Љубовниот живот на Џенифер Лопез со години е меѓу најследените во светот на шоу-бизнисот. Зад себе има четири брака и неколку долги и медиумски експонирани врски.

Меѓу нејзините најпознати партнери се пејачот Марк Ентони, со кого беше во брак од 2004 до 2014 година, како и актерот Бен Афлек, со кого ја обнови љубовната врска по речиси две децении. Двојката повторно се венча во 2022 година, но нивниот брак заврши со развод во 2024 година.

И покрај сите животни искуства, Лопез вели дека и понатаму верува во љубовта и дека најважно е човекот покрај себе да има добрина, искреност и силен карактер, а не совршен изглед.

Scroll to Top