По долгата пауза повторно заедно: Маријана и Росана снимија нова песна со Александар Митевски и Дац

По долгогодишна пауза, сестрите Маријана Новачевска и Росана Тодоровска-Сариќ повторно ги здружија музичките сили и снимија нова заедничка песна, на големо задоволство на нивните бројни обожаватели.

Убавата вест ја сподели Маријана преку својот профил на социјалните мрежи, каде откри дека деновиве го завршиле снимањето на новиот музички проект заедно со Александар Митевски и Дац.

 

„Со гордост објавувам дека после многу години деновиве снимивме нова песна, нов хит со Александар и Дац. За песната „Засекогаш млади“ од композиторот Александар Митевски деновиве се снима и спот со кој ќе ја промовираме истата. Среќата е уште поголема затоа што сум со Росана, Александар и Дац“, напиша Маријана.

Новата песна го носи насловот „Засекогаш млади“, а музиката и комплетната авторска работа се дело на композиторот Александар Митевски. Паралелно со песната се снима и видеоспот, кој ќе биде објавен заедно со официјалната промоција.

https://www.facebook.com/share/1ErCPrNhrw/

Маријана и Росана својата музичка кариера ја започнаа како едно од најпознатите женски дуо на македонската сцена – „Маријана и Росана“. Нивните песни оставија силен белег во домашната поп-музика.

По преселбата на Маријана во Австралија, двете тргнаа по различни музички патишта. Росана успешно продолжи како соло изведувачка, додека Маријана ретко беше присутна на македонската музичка сцена.

Токму затоа нивното повторно обединување и новата соработка со Александар Митевски и Дац претставуваат вистинско изненадување за љубителите на македонската музика, кои со нетрпение ја очекуваат премиерата на „Засекогаш млади“.

Scroll to Top