По силното невреме што вчера го зафати Скопје, екипите на Croatia Осигурување АД-Друштво за неживотно осигурување уште од раните утрински часови се на терен, каде вршат увид на пријавените штети и интензивно работат на нивна брза обработка. Компанијата ги презема сите неопходни активности за што побрза процена и обработка на штетите, со цел осигурениците навремено да ја добијат потребната поддршка.

„Свесни сме дека ваквите временски непогоди носат големи предизвици и непредвидени ситуации. Наш приоритет е секоја пријава на штета да биде обработена професионално, ефикасно и без непотребно одложување, за да им помогнеме на нашите осигуреници токму тогаш кога им е најпотребно. Нашите тимови се на терен уште од раните утрински часови и ќе продолжат да работат сѐ додека секој клиент не ја добие потребната поддршка“, изјави Кољо Георгиев, раководител на Одделението за процена на штети во Croatia Осигурување АД-Друштво за неживотно осигурување.

Од компанијата информираат дека екипите остануваат на терен 24 часа дневно и се во постојана комуникација со осигурениците, со цел сите пријавени штети да бидат обработени во најкус можен рок.
За сите граѓани кои сѐ уште не ја пријавиле штетата, а имаат потреба од тоа, пријавата може брзо и едноставно да се направи онлајн преку www.crosig.mk/prijavi-steta или во која било филијала на Croatia Осигурување.

Croatia Осигурување останува посветена на обезбедување брза, ефикасна и професионална поддршка за своите клиенти, особено во ситуации кога таа е најпотребна






