Општина Битола: Продолжува уредувањето на просторот кај Здравствениот дом

Градежната оператива продолжува со реализација на инфраструктурните активности во Битола. По завршувањето на асфалтирањето на улицата „Козара“, денеска се асфалтирани уште две улици во близина на Здравствениот дом – „11-ти Март“ и „Панде Николов“.

Од Општина Битола информираат дека станува збор за вкупна должина од 220 метри, каде претходно беше извршена реконструкција на водоводната и канализациската мрежа со финансиска поддршка од Министерството за транспорт.

Асфалтирањето на коловозот и поставувањето на уличното осветлување се реализираат со средства од општинскиот буџет. За асфалтирањето се обезбедени 4.487.000 денари, додека за новото улично осветлување се издвоени 1.586.392 денари.

Од локалната самоуправа посочуваат дека со овие активности се подобрува патната инфраструктура и условите за жителите и посетителите на овој дел од градот.

Scroll to Top