Денеска се одбележуваат 25 години од масакрот кај Љуботенски бачила, во кој животите трагично ги загубија осум македонски бранители.
По тој повод, делегација на Владата предводена од вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Томислав Настевски – Бумбар во Ѓорче Петров, како и пред спомен-обележјето во Волково, во чест на загинатите бранители.
Николоски во својата објава ги спомена Ивица Златевски – Цуци, Томе Димовски, Раде Јанковски, Томислав Настески – Бумбар, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски, кои пред 25 години ги загубија своите животи.
„Слава им на хероите!“, порача Николоски, оддавајќи им почит на македонските бранители кои загинаа во 2001 година.






