Градскиот парк во Дојран синоќа беше центар на музиката и доброто расположение, каде бројната публика уживаше во концертниот настап на Лозано.
Концертната вечер се одржа на 15 август како дел од летната програма во Дојран и донесе неколкучасовна музичка забава за посетителите и локалното население.

Програмата започна во 20 часот со настапите на Софија Манева и K4 Band, кои ја загреаја атмосферата пред главниот настап на вечерта.
https://www.instagram.com/stories/vlatkolozanoski/3964912877647564145?utm_source=ig_story_item_share&igsh=MTAyZWxiNjh1d3luYg==&igsi=MTAyZWxiNjh1d3luYg==
Во 22 часот на сцената се појави Лозано, кој пред присутните изведе дел од своите најпознати песни и приреди вечер исполнета со препознатлива енергија и силна комуникација со публиката.

Посетителите имаа можност да уживаат во неговите добро познати хитови, а атмосферата во Градскиот парк уште еднаш покажа зошто концертите на Лозано привлекуваат голем интерес кај македонската публика.
Настанот се одржа во Градскиот парк во близина на Стар Дојран, а влезот за посетителите беше слободен.
Организатор на концертот беше хотел „Романтик“ – Дојран, со поддршка од Општина Дојран и Државна лотарија.
Посебно внимание заслужува и ангажманот на Општина Дојран, која преку поддршката на културните и музичките настани придонесува градот да има содржини и во вечерните часови и да понуди забава за различни генерации.
Ваквите настани дополнително ја збогатуваат туристичката понуда на Дојран, особено во екот на летната сезона, кога градот привлекува голем број посетители.
Летната програма во Дојран продолжува и во следниот период со нови музички и забавни содржини, со цел туристичката сезона да биде исполнета со што повеќе настани и добра атмосфера.






