Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.
Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои со ентузијазам, посветеност и љубов кон фудбалот се вклучија во создавањето на новата приказна на клубот.
„Прв натпревар, нов почеток, нова надеж и враќање на спортскиот дух кој отсекогаш бил дел од срцето на Прилеп“, порача Проданоски.
Градоначалникот посака ГФК Победа да има многу успеси, спортски дух и победнички моменти, истакнувајќи дека клубот треба да биде место каде ќе се создаваат нови генерации прилепски фудбалери и повторно ќе се разгорува страста кон фудбалот во градот.
„Среќно, ГФК Победа! За Прилеп. За спортот. За иднината!“, порача Проданоски.






