ВИДЕО | Проданоски: Секое дете заслужува еднакви можности, поддршка и шанса за успех

Во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп е ставена во функција новата, современо опремена сензорна соба и дефектолошките кабинети во рамки на Центарот за поддршка во училиштето.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека станува збор за значаен чекор кон создавање подобри и поинклузивни услови за децата со попреченост и посебни образовни потреби.

Просторот е опремен со современи средства и е наменет за обезбедување соодветна стручна поддршка, со цел децата полесно да учат, да се развиваат и да ги реализираат своите потенцијали.

 

Проданоски посочи дека реализацијата на ваквите проекти покажува колку е значајна соработката меѓу општествено одговорните компании и локалната самоуправа.

„Општествената одговорност има најголема вредност кога е искрена и преточена во конкретни дела. ‘ВИК’ е пример за компанија која покажува дека грижата за средината во која работи и создава е подеднакво важна како и успешното работење“, истакна Проданоски.

Според него, Прилеп е најинклузивната општина во Македонија, но тоа не треба да биде само признание, туку и обврска за продолжување со создавање еднакви можности за сите деца.

Во Општина Прилеп има повеќе од 200 деца со посебни образовни потреби, поради што, како што нагласи Проданоски, потребно е постојано унапредување на условите во образовните институции.

„Нашата обврска е да создадеме услови секое дете да биде прифатено, поддржано и вклучено“, порача градоначалникот.

Проданоски најави дека Општина Прилеп ќе продолжи да работи на подобрување на условите за децата и развој на инклузивни услуги, со цел секое дете да има можност за квалитетно образование и целосно учество во општеството.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Scroll to Top