Глаголицата на новите хрватски дресови: „Адидас“ ги спои фудбалот и културното наследство

Хрватската фудбалска репрезентација ги претстави новите дресови, а по долгогодишната соработка со „Најк“, нов производител на спортската опрема е „Адидас“.

Официјално беа промовирани домашната и гостинската гарнитура. Домашниот дрес го задржува препознатливиот хрватски дизајн со бела основа и црвени коцки, додека резервната варијанта е во сина боја.

Screenshot

Најголемо внимание привлече необичниот детаљ вграден во традиционалниот црвено-бел дезен. Во коцките првпат се вметнати букви од глаголицата – најстарото познато словенско писмо и значаен дел од хрватското културно наследство.

Од Хрватскиот фудбалски сојуз соопштија дека глаголичките букви се протегаат низ целиот препознатлив дезен, давајќи му современа интерпретација на традиционалниот изглед.

Посебен симболичен елемент е поставен и на задниот дел од околувратникот, каде што името „Хрватска“ е испишано со глаголички букви.

Глаголицата била создадена во 9 век и е тесно поврзана со мисијата на светите браќа Кирил и Методиј. Со нејзиното вградување во новата спортска опрема, Хрватска настојува на фудбалската сцена да претстави дел од својата историја и културен идентитет.

Scroll to Top