Кевин Костнер снимен со 31 година помлада жена: Нивната блискост поттикна гласини за нова романса

Кевин Костнер повторно го привлече вниманието со својот приватен живот. Седумдесет и едногодишниот актер бил фотографиран во Санта Барбара со 40-годишната Џенифер Милбурн, а нивното заедничко пазарување веднаш поттикнало гласини за можна љубовна врска.

Ѕвездата на серијата „Yellowstone“ во последните години настојуваше да го држи љубовниот живот подалеку од јавноста, но новите фотографии повторно го ставија во центарот на вниманието.

Костнер и Милбурн заедно купувале намирници, меѓу кои стекови, зеленчук, житарки и сок. Иако станувало збор за сосема обично излегување, присутните ја забележале нивната меѓусебна блискост. Според наводите што ги пренесува Page Six, тие делувале мошне присно.

Која е Џенифер Милбурн?

Милбурн не е дел од холивудската индустрија. Според јавно достапните податоци, таа живее во Аспен и работи како директорка за партнерства во компанијата „The Optimism Company“, основана од Сајмон Синек.

Во текот на кариерата работела и како стјуардеса во авиокомпанијата „Delta“, како модел, но и за познатата продавница „Kemo Sabe“.

Дополнително внимание привлекува нејзината поврзаност со Аспен, каде што се наоѓа и големиот имот „Dunbar Ranch“ на Костнер.

Кога американските медиуми ја прашале дали е во врска со актерот, Милбурн не ги потврдила гласините. Ниту претставниците на Костнер досега не ја коментирале природата на нивниот однос.

По бурниот развод стана повнимателен

Костнер во 2023 година се разведе од Кристин Баумгартнер по 18 години брак. Нивната бракоразводна постапка со месеци беше присутна во американските медиуми поради споровите околу финансиите и издршката за нивните три деца.

По разводот актерот беше поврзуван со неколку жени. Медиумите шпекулираа и за можна романса со Џенифер Лопез по нивната средба во Аспен, но подоцна се покажа дека станувало збор за пријателско дружење.

Потоа се пишуваше и за неговиот наводен однос со Кели Нунан Горес, поранешната сопруга на милијардерот Алек Горес.

Токму затоа фотографиите од Санта Барбара предизвикаа голем интерес. Костнер и Милбурн не биле забележани на црвен тепих или холивудска забава, туку при секојдневно пазарување. Дали зад нивната блискост навистина се крие нова љубовна приказна, засега знаат само тие двајца.

Scroll to Top