ФОТО | Новиот дрес на Македонија предизвика еуфорија меѓу навивачите

Голема заинтересираност предизвика денешната презентација на новите дресови на македонската фудбалска репрезентација, кои националниот тим ќе ги носи во новата сезона од Лигата на нации.

Бројни навивачи присуствуваа на промотивниот настан за да го купат новиот репрезентативен дрес, но и да се сретнат и фотографираат со македонските фудбалери.

Меѓу репрезентативците кои се дружеа со фановите беа Енис, Столе, Елиф и Мио. Тие делeа автограми, се фотографираа со присутните и се потпишуваа на новите дресови.

Од Фудбалската федерација на Македонија им се заблагодарија на сите навивачи кои присуствуваа на презентацијата и ја поддржаа репрезентацијата, како и на фудбалерите за времето и вниманието што му ги посветија на секој фан.

Новиот дрес е изработен во рамките на соработката меѓу Фудбалската федерација на Македонија и германскиот спортски бренд „Адидас“.

По официјалното претставување пред јавноста, новата опрема наскоро треба да го има и своето деби на теренот. Македонските репрезентативци ќе ја носат во сабота, на натпреварот против Швајцарија во Скопје.

Scroll to Top