Коњановски: 11 Октомври нѐ обврзува да ја чуваме слободата и да градиме подобра иднина

Почитта кон борците за слобода треба да се изразува и преку одговорност за напредокот на Македонија и создавање подобри услови за идните генерации, порача градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

Во својата празнична порака, Коњановски потсети дека пред 85 години, со акциите во Прилеп и Куманово, започнала вооружената борба против фашистичкиот окупатор. Тој го истакна 11 октомври 1941 година како симбол на македонскиот отпор и почеток на Народноослободителната и антифашистичка војна.

„Тоа е важен темел во борбата за самобитност и самостојност“, нагласи Коњановски.

Според него, оддавањето почит на оние што ги положиле своите животи за слободата на Македонија носи обврска да се продолжи со заложбите за развој на државата во сите области на животот.

Коњановски порача дека наследството на борците треба да биде поттик за одговорно дејствување и работа во интерес на сегашните и идните генерации.

„Нека ни е честит 11 Октомври“, порача градоначалникот на Битола.

Scroll to Top