Нежен момент зад камерите: Тревис Келси ја поддржува Тејлор Свифт додека го режира „Patient Zero“

Тејлор Свифт сподели поглед зад сцената од снимањето на спотот за „Patient Zero“, а меѓу кадрите се издвојува нежниот момент со нејзиниот сопруг Тревис Келси. Видеото, објавено на „Спотифај“, го прикажува спортистот како ѝ дава поддршка додека таа работи во режисерското столче.

Во кратката снимка, Келси стои зад пејачката, насмеан ја држи за рацете и нежно ѝ ги масира рамената, додека таа се потпира кон него. Моментот е забележан за време на пауза меѓу снимањата.

Свифт во проектот има двојна улога – го режира спотот и се појавува пред камерите. Покрај неа играат Дакота Џонсон и Колин Фарел, а новите снимки откриваат дел од работната атмосфера и нејзината соработка со актерите. Спотот беше претставен во септември, на доделувањето на музичките видеонагради на Ем-ти-ви.

Зборувајќи за инспирацијата за песната, Свифт објаснила дека идејата произлегла од разговор со пријателки за поранешни врски. Една од нив раскажала дека новата партнерка на нејзиниот поранешен дечко ја контактирала за да праша дали имала слични искуства со него. Разговорот поттикнал и други во друштвото да споделат свои приказни.

Ова не е првпат пејачката јавно да ја истакне поддршката од Келси. Во 2024 година, кога ја прими наградата за видео на годината за „Fortnight“, таа раскажа дека по завршувањето на кадрите слушала навивање од другата страна на студиото.

„Таа личност беше мојот дечко Тревис. Сè што ќе допре овој човек се претвора во среќа, забава и магија“, рече тогаш Свифт, заблагодарувајќи му се што внел дополнителна радост на снимањето.

Двојката ја објави свршувачката во август 2025 година, а се венча во јули годинава во Њујорк.

Scroll to Top