Хилари Даф во жолт костим за капење на одмор во Мексико: Фотографиите повторно поттикнаа шпекулации за старо пријателство

Хилари Даф сподели фотографии од одмор во Мексико со блиски пријателки, но покрај плажите и опуштената атмосфера, објавата повторно ја отвори и темата за некогашното дружење со Ешли Тиздејл.

Актерката и пејачка, која неодамна го прослави 39. роденден, престојувала во одморалиштето „One&Only Mandarina“ на мексиканската ривиера Најарит. Меѓу пријателките со кои патувала биле актерката Менди Мур, кулинарската авторка Габи Далкин и шминкерката Келси Динихан Фишер.

На една од фотографиите, Даф позира на песокот во жолт едноделен костим за капење, со големи очила за сонце и темна капа, држејќи кокос украсен со цвет. На друга се одмора на розова лежалка, додека во групната фотографија осумте пријателки позираат на тераса со поглед кон океанот на зајдисонце.

„Групниот разговор стигна до џунглата“, напиша таа покрај објавата, која содржи и моменти од нивните спа-третмани и дружења.

Сепак, дел од следбениците во коментарите ја споменаа Ешли Тиздејл и нејзиниот текст за напуштање група мајки што ја опишала како „токсична“. Други реагираа дека повторното отворање на темата е непотребно и повикаа да престанат прозивките.

Тиздејл во јануарскиот есеј за „The Cut“ раскажа дека се чувствувала исклучено од средби со жени што претходно ги сметала за блиски пријателки. Наведе дека за дел од дружењата дознавала преку фотографии и објави на Инстаграм, по што решила да се повлече од групата.

Актерката не ги именуваше жените за кои пишуваше. Иако корисниците на социјалните мрежи ја поврзаа приказната со Даф, Мур и Меган Трејнор, претставник на Тиздејл за ТМЗ негираше дека текстот се однесува на нив.

Даф подоцна зборуваше за полемиката во подкастот „Call Her Daddy“, каде што рече дека шпекулациите ја растажиле.

„Навистина се чувствував тажно“, изјави таа, додавајќи дека е тешко да чита нешто што го смета за невистинито и што ги засега и другите жени во нејзиното опкружување.

Новите фотографии повторно ги поттикнаа коментарите, но самата објава на Даф не содржи спомнување на Тиздејл ниту потврдува нов конфликт меѓу нив.

Scroll to Top