Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа.
За време на посетата, учениците разговарале со градоначалникот Тони Тоневски и поставувале прашања поврзани со секојдневните активности и предизвици на Општината.

Тоневски во својата објава посочи дека средбата била исполнета со љубопитност, детски размислувања и интересни прашања. Тој изрази задоволство што младите уште од најрана возраст покажуваат интерес за случувањата во својата средина.

„Нивните идеи и предлози се потсетник дека треба да создадеме можности секое дете да биде слушнато и охрабрено да размислува, предлага и создава“, порача градоначалникот.
Тоневски им се заблагодари на учениците и нивните наставници за посетата, дружењето и позитивната енергија што ја донеле во Општината.

Тој ги охрабри учениците да продолжат да бидат љубопитни и да ги развиваат своите идеи, нагласувајќи дека нивните знаења и соништа се важен дел од иднината на Пробиштип.






