Општина Битола со поддршка на кампањата за препознавање на економското насилство врз жените

Општина Битола се приклучува кон кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со поддршка за иницијативата на Обединетите нации за подигнување на јавната свест за економското насилство врз жените.

Од Општината посочуваат дека економското насилство е една од најмалку препознаените форми на родово базирано насилство, иако може да има сериозно влијание врз секојдневниот живот и независноста на жените.

Тоа може да се манифестира преку контрола на парите и приходите на жената, ограничување на можноста да се вработи, како и преку оневозможување да ги оствари своите имотни и наследни права.

Во рамки на кампањата, Општина Битола укажува и на економската експлоатација, како и на нееднаквата распределба на неплатената грижа и домашната работа.

Пораката на иницијативата е дека секоја жена има право на економска независност и слобода самостојно да одлучува за својата работа, приходи и иднина.

Scroll to Top