Хрватската актерка Аница Ковачевиќ привлече внимание со зимска комбинација во која ги споила модата од седумдесеттите и современиот градски стил. Ѕвездата на серијата „Кумови“ за прошетката низ центарот на Загреб избрала светлосиви фармерки со висок струк и трапез крој, надополнети со топли кафеави тонови и ретро модни додатоци.
Фармерките биле впечатливи и поради металните копчиња на предниот дел. Прилепени околу колковите и бутовите, а проширени од колената надолу, тие биле во центарот на нејзиниот дневен стајлинг.
Актерката ги искомбинирала со едноставна блуза во чоколадна нијанса и кафеави чизмички до глужд. Јакната со изглед на крзно внела дополнителна текстура во комбинацијата, додека сивата капа со штитник го нагласила ретро впечатокот.

Стајлингот го надополнила со шал со дезен и реси, како и со елегантна чанта во нежна пудреста боја. Сивите фармерки, кафеавата облека и беж додатоците создале складна комбинација на зимски нијанси.
Позната по улогата во „Кумови“
Аница Ковачевиќ е добро познато лице за љубителите на хрватските телевизиски серии. Во популарните „Кумови“ ја толкува Хрвојка Зовко, а гледачите ја паметат и по улогите во „Dnevnik velikog Perice“, „Zauvijek susjedi“, „Stipe u gostima“ и „Počivali u miru“.
Актерката, која потекнува од Задар и живее во Загреб, пред да се запише на Академијата за драмски уметности студирала на Текстилно-технолошкиот факултет.
Во едно интервју открила дека особено сака чанти и чизми, а и нејзиниот последен избор покажува колку внимателно одбраните додатоци можат да ѝ дадат личен печат на секојдневната комбинација.






