Доминик не беше љубов на прв поглед: Хелена Ливаковиќ за љубовта со хрватскиот голман

Хелена Ливаковиќ (27) е сопруга на голманот на хрватската репрезентација Доминик Ливаковиќ, која ретко се појавува во јавноста. Таа првпат го привлече вниманието на јавноста за време на Светското првенство во Русија кога ја доби титулата „хрватската Меган Маркл“.

Хелена долги години се занимавала со уметничко лизгање и била член на клубот „Загрепски снегулки“. Во октомври 2020 година дипломирала на Текстилно-технолошкиот факултет во Загреб, насока индустриски дизајн.

Двојката се запознала преку заеднички пријатели, а нивната љубовна приказна започнала со пријателство. Не било љубов на прв поглед, но Доминик го направил првиот чекор. Доминик ја освоил Хелена со својата духовитост.

„Близок пријател не запозна. Иако се се случи спонтано, можам да кажам дека првиот чекор го направив јас. Првиот впечаток беше одличен, на почетокот бевме само пријатели и не можам да кажам дека тоа беше љубов на прв поглед. Двајцата сме повлечени по природа и имаме тесен круг на луѓе со кои се дружиме. Поминуваме многу време со кучето Круз, со кое сакаме да одиме на прошетки во природа. Кога имаме повеќе слободни денови, сакаме да одиме во Задар, но и на други пократки патувања“, изјавил Ливаковиќ во интервју за Стори.

Ливаковиќ често вели  дека Хелена одлично се приспособила на неговиот начин на живот, а откако почнале да излегуваат заедно почнале да се грижат за кучето Круз.

„Во животот на еден фудбалер нема работно време, летен или зимски одмор. Со сите карантини, патувања и обврски со клубот и репрезентацијата, девојката е таа што треба да се адаптира. Покрај тоа, имаме куче кое има потреби и му треба внимание. Со оглед на тоа што често не сум дома, Круз е грижата на Хелена, што се гледа и од фактот дека тој повеќе ја сака“, изјавил Ливаковиќ.

Во јуни парот се венчаше во задарската катедрала Св. Стоши. Пред венчавката тие организирале свечен прием,  вадбата се одржала во елегантното одморалиште Фалкенштајнер Пунта Скала во Петрчан, На свадбата пееле Петар Грашо и Саша Матиќ.

Парот се сврши минатата година, а веста ја споделија само во блискиот круг на семејството и пријателите.

Scroll to Top