Никола Којо го објави селфи на својот Инстаграм профил, на кое позира во маица -синдикалка и мустаќи. Тој на фотката се споредува со големиот музичар Фреди Меркјури, но исто така најави и нова серија на која работи.
“ Големиот Фреди е роден на истиот датум како мене. Но, оваа слика нема никаква врска. Ова е заставникот Жегар во серијата „Дневник“, напиша Којо .
Меѓу коментарите е и оној на Тијана Дапчеви, која му вели: Си ослабел. Задоволна сум.