Колинда и Вељача: Среден прст за Шкоро кој мисли дека силувана жена не смее да абортира

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ и глумицата Јелена Вељача му покажа среден прст на пејачот и политичар Мирослав Шкоро, откако изјави дека „силувана жена, доколку забремени, не смее да абортира ако не се договори со семејството“.

„Им се придружувам на сите жени што со овој непристоен чин го покажуваат својот став и го креваат својот глас против оние што се обидуваат да нè вратат со векови назад. Помина времето кога жената седеше во ќош. Отсекогаш сум била за живот, но и за живот што има право на избор. Без притисок, без стигматизација и условување, особено во најчувствителните животни ситуации, како силување. Затоа, како поддршка, го кревам средниот прст за нас жените и нашите права, но и за мажите што нè поддржуваат“, напиша Колинда.

Слична порака испрати и популарната глумица, Јелена Вељача.

„Сликата е од пред 9 години, но ставот е ист. Во оваа прилика сакам да ги повикам сите мои пријателки да му покажат среден прст на Шкоро кој мисли дека силуваната жена за абортус мора да се договори со семејството и н а Распудиќ, кој мисли дека силуваната жена мора да го роди детето, но и на сите фраери што мислат дека која било жена нешто мора. Засрамете се, привилегирами серковци“, напиша глумицата.

Инаку, Колинда и Јелена се само дел од јавните жени во Хрватска што на овој начин го искажаа својот став и згрозеност од изјавата на Шкоро. Порака со среден прст кон Шкоро испрати и заменик-градоначалничката на Осијек, Жана Гамош, која ги покани и другите жени да го сторат тоа.

 

Scroll to Top