Откако одмораше во Шпанија и се забавуваше на фестивалот „Сиркит“ во Барселона, српскиот фолк-пејач Милан Станковиќ преку социјалните мрежи откри дека му се случила несреќа, а раката му е ставена во гипс.
„Успеав и рака да скршам“, напиша тој покрај фотографијата сликана во болница во Дубровник, Хрватска, но не откри како се случила несреќата. Неговите следбеници на социјалните мрежи му порачаа брзо оздравување.
Пејачот вчера повторно го привлече вниманието на јавноста откога во медиумите се појавија папарацо фотографии на кои Станковиќ се сонча на геј-плажа во Барселона. По објавените фотографии, медиумите повторно почнаа да пишуваат дека е пејачот е хомосексуалец, а свој коментар имаше и неговата колешка Мира Шкориќ, која изјави дека од „авион се гледа дека Милан е геј“. Пејачот ги демантира овие пишувања.