Со бифтек и српско вино, Александар Вучиќ го пречека Себастијан Курц во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ му направи бифтек на скара на австрискиот канцелар Себастијан Курц. Вучиќ бифтекот го послужи со српско вино и на социјалните мрежи се пофали дека е добар домаќин. Тој објави неколку фотки на Инстаграм па вели, дека бифтекот е само предјадење што му го спремил на Курц.

„Прекрасно попладне што јас и Себастијан Курц го поминуваме заедно. Инаку, денес му кажав на Себастијан дека за нас Србите најважно е да бидеме добри домаќини и дека нас најмногу може да нè погоди кога некој од нашите гости ќе ни каже дека не сме. За љубопитните, првото нешто што го подготвувам е бифтек, послужен со најдобрите српски вина“, напиша Вучиќ, кој минатиот викенд правеше гозба и за лидерите од регионот.

Австрискиот канцелар викендов е во посета на Белград, а од српскиот претседател доби Орден на Република Србија.

Scroll to Top