Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ отпатува на зимување на Копаоник со дечкото Богдан Срејовиќ и ќерка му Искра.
Таму ќе бидат сместени во станот на Цеца, во кој таа престојува редовно секоја година за време на зимските месеци.
„Нема да скијам, но ќе уживам во прошетки и чист воздух со Богдан и ќерка му Искра“, изјави Цеца за српските медиуми.
Ражнатовиќ објави и видео од патувањето на Копаоник, на кое напиша: „Моја прекрасна Србија!“