Првиот филм снимен во вселената, во кој глуми Милош Биковиќ ќе има светска премиера во Москва

Светската премиера на првата филмска вселенска драма „Предизвик“ во која главната улога ја има српскиот актер Милош Биковиќ, ќе се одржи во Москва на 12 април. Белградската премиера е предвидена за седум дена подоцна, односно на 19 април во галеријата „Синеплекс“.

Филмот „Предизвик“ е првиот филм во историјата на светската кинематографија кој е снимен во вселената, односно на Меѓународната вселенска станица. Оваа, според се, поинаква филмска приказна ја водеше познатиот руски режисер Клим Шипенко, кого публиката веќе го запозна преку филмовите „Слугата“ и „Саљут 7“.

Главната приказна следи група хирурзи кои подготвуваат операција на астронаут на вселенска станица, кој нема време да се врати на земјата поради акутна медицинска состојба.

Актерската екипа ја сочинуваат Јулија Пересиљд, Милош Биковиќ, Владимир Машков, Олег Новицки, Антон Шкаплеров, Пјотр Дубров, Јелена Ваљушкина, Варвара Володина, Андреј Шчепочкин, Александар Балуев, Игор Гордин, Алексеј Барабаш, Алексеј Гришин, Артур.

Филмот „Предизвик“ е заеднички проект на Канал 1 Русија, филмската компанија Јелоу, блек едн вајт и онлајн кино СТАРТ, произведен со поддршка на Рускиот филмски фонд.

По белградската премиера, филмот „Предизвик“ од 20 април ќе биде во редовна кино дистрибуција во регионот, а со дистрибуцијата на филмот се занимава дистрибутерската куќа Арт Виста.

 

Scroll to Top