Аки повторно ќе пее

Откако во април годинава доживеа помал мозочен удар, Аки Рахимовски наскоро ќе им се придружи на момците од својот бенд „Парни ваљак“ и на 31 август ќе го одржи својот прв концерт по неколкумесечна пауза. Аки и „Парни ваљак“ ќе настапат во словенечкиот град Шкофја Лока. Еден месец подоцна, на 29 септември ќе пеат во Виена.

Додека Аки закрепнува, членовите на бендот одржаа неколку концерти со друг пејач, а последните два месеца работат на нов материјал за нивниот следен албум.

 

Scroll to Top