Легендарниот актер Бранко Цвејиќ е во болница и лекарите се борат за неговиот живот. На актерот му се слошило пред седум дена на проба во театар.
Актерот наводно се наоѓа во Клиничкиот центар на Србија и лекарите се борат за неговиот живот по компликациите со дебелото црево и водата во белите дробови, пишува „Република“.
Бранко моментално е стабилен, но општата состојба му била тешка, пишуваа српска „Република“.
Актерот Бранко Цвејиќ има 75 години и е познат по улогата на Листер од „Семејно богатство“, додека многумина го паметат по улогите во „Бела Лаѓа“, „Јагода во супермаркет“, „Биче болје“ и други.
Бранко сè уште е активен во актерството, додека во јавноста ретко се појавува. Инаку, актерот пред четири години имаше операција на срцето. Лекарите потоа му извршиле операција на срцето и му поставиле бајпас.