Српскиот актер Небојша Кундачина (59) лани се ожени со 32 години помладата колешка Марија.
Тие се запознале во театар по настапот на Небојша, откако му пришла Марија, тогашна студентка, која пишувала семинарска работа за која ѝ била потребна актерска помош, по што се зближиле и заљубиле. По двегодишна врска, парот се венчаше лани на 24 јануари.
„На факултетот ни беше дадена задача да напишеме семинарска работа за драмите што ги гледавме, а јас гледав неколку во националниот театар во кој играше Небојша. Неговата глума ме трогна толку многу што му пријдов по еден настап, со желба да му поставам неколку прашања за неговите улоги“, рече своевремено Марија за српските медиуми.
Небојша кажа дека бил изненаден што некој пишува семинарска работа за тоа.
„Бидејќи по претставите обично не сум во можност да размислувам како што треба, ја замолив Марија да разговараме следниот ден. Во меѓувреме, сакав да размислам малку и да ѝ дадам соодветни и позначајни одговори. И така, следниот ден се слушнавме и разговаравме за театарот, и веднаш се појавија симпатии меѓу нас, се препознавме“, рече Кундашина.
„Од почетокот, сè помеѓу нас беше некако романтично, ако нешто може да биде романтично во ова брзо и лудо време. Прекрасно е кога две лица се наоѓаат едни со други и се препознаваат. Кога станува збор за вистинската личност, тогаш сè се случува лесно, без никакви стратегии и планови, па свадбата дојде некако спонтано. Имаме многу исти интереси, за глума, музика. Читаме многу, но најмногу поврзано со глумата, споделуваме слично чувство за добри работи и заедно сето тоа го доживуваме како еден вид восхит“, изјави актерот за неговиот однос со Марија.