Александра и Филип планираат уште едно бебе

Српската пејачка Александра Живоиновиќ и нејзиниот сопруг Филип планираат уште едно бебе, пишуваат српските медиуми. Александра одлично се снашла во улогата на мајка и признала дека не и паднало тешко по породувањето.

Пејачката за медиумите открила дека сака да добие уште едно дете, кое ќе му биде брат или сестра на Александар. Александра вели дека треба само да почека околу две години поради направениот царски рез.

„Треба да почекам две или три години поради царскиот рез. Морам да признаам дека досега не ми беше тешко во улогата на мајка. Целта ми беше да ја вратам старата килажа, но и да се чувствувам убаво и да бидам здрава, така што јас сум вистински војник кога знам дека тоа е добро за мене. Колку килограмите одеа надоле, толку бев позадоволна. Како времето минуваше, работите ми беа полесни“, вели Александра.

Снаата на Лепа Брена вели дека нејзиниот сопруг Филип и дава поддршка во сè. Сепак постојат моменти во кои двајцата знаат да влезат во конфликт.

„Се разбира дека некогаш имаме различни мислења, но двајцата сјајно функционираме, затоа што секогаш наоѓаме заеднички јазик и сваќаме кое решение е најдобро. Компромисот и толеранцијата се клуч за здравиот однос“, вели Александра.

 

Scroll to Top