Популарната пејачка Александра Пријовиќ, медиумите одамна ја нарекуваат снајка на Лепа Брена, а таа долго повторуваше дека не е подготвена за брак и дека Филип и таа не размислуваат за тоа.
Но, сега ја промени плочата. Таа признава дека е подготвена да стапне на лудиот камен. Пејачката за медиумите ги откри своите новогодишни желби.
„Искрено се надевам дека во наредната година нашата врска ќе премина на повисоко ниво. Би сакала свадбата да се случи наскоро, и го очекувам моментот кога Филип ќе ме запроси. Ние сме две години во врска, одлично се согласуваме, функционираме, живееме заедно, па зошто да не стапиме во брак“, вели Александра.
На прашањето на новинарите зошто таа не ја превземе иницијативата, снајката на Брена вели дека сака да се држи до традицијата и смета дека тоа треба да биде машка работа.
„Сите ме прашуваат тоа. Не сум јас машкото, па не можам јас него да го верам. Јас би го сакала тоа. И да можам, јас би го верила него сега, веднаш. Но, знам дека Филип не би го сакал тоа, затоа што тоа е негова работа“, вели пејачката.
Пејачката покрај успешната врска гради и уште поуспешна кариера, па на крајот на јануари ќе почне со американската турнеја. Преку ден ќе бидеме во неговaта фирма каде тој ќе ги заврши деловните обврски, а навечер ќе одиме на моите настапи. Ќе биде супер“, вели Прија.