Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнтајгер, прославија годишнина брак. Швајнштајгер напиша дека ѝ по шест години брак, тој и денес би кажал да ѝ повторно би се оженил со неа.
Честитки добија и од фановите кои им напишаа убави коментари.
„Уживајте во вакви моменти. Среќна годишнина и на двајцата. Ве сакаме. Преубав пар, ви посакувам многу среќа и љубов“, им напишаа некои од нив.
За потсетување, Швајнштајгер и Ивановиќ се заедно од 2014 година, а се венчаа во 2016 година во Венеција. Двајцата ги имаат синовите Лук и Леон.