(Фото) Ана Ивановиќ јавно и се обрати на својата мајка: Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот

Мајката на Ана Ивановиќ вчера го прослави роденденот, а српската тенисерка јавно ѝ се обрати на социјалните мрежи со заедничка фотографија на која блескаа во бело издание.

– Среќен роденден на најпрекрасната и најинспиративна жена на светот. Многу те сакам! – напиша Ана.

Ана отсекогаш велела дека нејзината мајка била нејзина најголема поддршка во сите времиња и дека тие две се исклучително блиски.

Иако Драгана не сака да се експонира, често можеме да ја видиме на профилот на нејзината ќерка, кога тенисерката пишува пофалби за неа и покажува колку многу ѝ значи таа врска.

Scroll to Top