За време на гостувањето во утринската програма на една српска телевизија, Аца Лукас изјави дека не ја допрел Соња Вуксановиќ, како и тоа дека не е насилник и човек што ги мрази жените.
Лукас изјавил дека има две солуции – да иде во притвор на 30 дена и да се обиде да ја докаже својата невиност, или да ја признае вината и да избегне притвор.
– Ја признав вината, иако не сум ја допрел. Не сум ја гурнал ниту удрил. Никогаш не сум кренал рака на неа, ниту на било која друга жена, нема ни да го направам тоа! Замислете да отидев во притвор, медиумите жив ќе ме распнат – рече Лукас и додал дека Соња му го наместила овој скандал.