Фолк-пејачот Аца Лукас викендов е во Црна Гора, каде што имаше неколку настапи во летните дискотеки на црногорското приморје.
„Помеѓу два настапа тој одмораше на базенот од хотелот каде што беше сместен и цело време разговараше на телефон. Пиеше кисела вода и кафе, па во еден момент влезе да плива. Кога виде дека го сликаме, излезе од базенот и се намести за фотографирање. ‘Можам и јас да бидам старлета, вака прават со задникот’, рече тој, па се повлече во собата“, раскажал за „Блиц“ нивиот фотограф кој го следел Лукас во Црна Гора.