Српскиот естраден менаџер Саша Мирковиќ преку својот Инстаграм профил објави дека Аца Лукас ќе биде претставник на Србија на Евровизија следната година во Рим, Италија. Тој е убеден во победата на пејачот на Беовизија и на Евросонг, бидејќи верува дека цела дијаспора би гласала за таква ѕвезда, пренесуваат српските медиуми.
„Не е лесно да се победи, но ќе се обидеме поради Србија“, напиша Мирковиќ во својата објава.
Истата слика ја објави Лукас со коментар: „Ќе даде Бог. Следната година во Рим“.
Иако многумина мислеа дека се работи за шега, сепак Мирковиќ за српските медиуми откри дека сериозно се подготвуваат за натпреварот.
„Не е шега. Песната ја напиша Владимир Граиќ и ја привршуваме. Тоа е сериозна балканска балада. Наскоро ќе се пријавиме на натпреварот на РТС. Важно е дека Аца е ѕвезда и целата дијаспора, почнувајќи од Европа до Австралија, ќе гласа за него. И не само Србите во дијаспората, туку и останатите“, вели Мирковиќ.
View this post on Instagram
Тој направи споредба помеѓу Лукас и Марија Шерифовиќ, која победи на Евровизија во 2007 година.
„Аца ја носи таа популарност и ми ја олеснува работата. Го немав тоа со Марија. Морав да се борам, целиот товар падна на мене тогаш, морав да ја анимирам публиката да гласа. Тоа е разликата“, посочува тој.
View this post on Instagram
Извори од РТС велат дека конкурсот за Беовизија е објавен и дека ќе трае до ноември. Натпреварот за избор на победникот ќе се одржи во февруари следната година.