Аца Лукас понуди многу пари за Соња да не влезе во „Задруга“

„Кога дознал дека Жељко и Милица почнале да ја молат неговата поранешна сопруга Соња да учествува во шоуто ‘Задруга’, Аца Лукас полудел и одлучил да ѝ понуди куп кеш само за да ја спречи во тоа“, тврди извор близок до Соња Вуксановиќ.

Информацијата дека Соња Вуксановиќ ќе учествува во ријалити шоуто „Задруга“ привлече огромно внимание, а како што се зборува, Аца Лукас наводно бил подготвен да ѝ плати на поранешната сопруга дури 100.000 евра само за таа да не се појави пред камери.

Најновите озборувања велат дека Аца Лукас се обидувал на сите начини да ја убеди Соња да ја одбие понудата на Жељко и Милица Митровиќ.

„Кога дознал дека Жељко и Милица ја молат Соња да учествува во ‘Задруга’, Аца полуде од мака и одлучи да ѝ понуди куп кеш само за да ја спречи во тоа! Толку се плаши што неговите тајни ќе бидат откриени во јавност што е подготвен да ѝ исплати 100.000 евра на рака само за да не излезе пред камерите. Ако Соња го одврзе јазикот, Аца би можел да се замери со опасни момци. Лукас своите долгови, проблеми со коцката, банковните сметки, но и проблемите кои во минатото ги имал со жестоки момци ги крие како змија нозете“, вели извор близок до Соња Вуксановиќ.

 

„Соња денеска оди на финална рунда преговори со продукцијата. Ако нешто не се промени во последен час, таа на 6 септември ќе биде дел од овој спектакл. Не се согласи на уцените на поранешниот сопруг затоа што му е лута поради аферата со Ана Савиќ“, заклучи соговорникот од „Информер“.

Scroll to Top