Фолк пејачот Аца Лукас во едно од своите последни интервјуа изјавил дека се смирил со неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ. Двајцата се разделија во 2017 година, а официјално се разведоа две години подоцна. Нивниот однос го следеа бурни кавги и турбуленции.
Од овој брак Лукас ја доби ќерката Викторија, поради која и покрај кавгите, тој продолжи да одржува контакти со Соња. По година дена турбуленции во нивните односи, сега пејачот вели дека конечно се смириле и ставиле точка на бројните конфликти.
„Сега со Соња сме во одлични односи. Се слушаме, се гледаме и се договараме околу детето. Дури заедно бевме на море со Викторија и Софија, детето од нејзиниот прв брак. Со нас беа и уште две другарки на Софија. Супер си поминавме“, изјавил Лукас.
Двајцата велат дека и покрај големиот број кавги и расправии, тие одлучиле да се смират и на нивната ќерка да и бидат најдобар можен пример.