Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во понеделникот започнаа 24-часовна блокада на Автокоманда – еден од најважните патишта во Белград. Блокадата завршува во вторник во 10 часот.
Многу познати личности од целиот регион ги поддржуваат студентите во нивните цели, меѓу кои и Момчило Бајагиќ-Бајага. Тој јасно ја изрази својата поддршка на Фејсбук, а потоа ги откажа сите закажани концерти.
„Секако дека ги поддржувам студентите и сите нивни оправдани барања. Се надевам дека овие барања ќе бидат исполнети што е можно поскоро, што би било добро за сите нас. Нашиот бенд Бајага и инструктори одлучи да ги откаже сите концертни активности до понатамошно известување“, се вели во објавата на Фејсбук.