Бака Прасе им подарува на фановите БМВ од 30.000 евра

Познатиот српски јутјубер Богдан Илиќ или познат како Бака Прасе рече дека ќе им подари на фановите автомобил вреден 30.000 евра.

Бака Прасе од неодамна повторно е на сцената и почна да снима видеа, а сега се пофали дека за една вечер од донации од фановите заработил повеќе од 4000 евра и сега сака да им подари автомобил од најновиот модел на „БМВ“.

„Сакам да ви подарам нов автомобил 2021-22. Автомобилот е под гаранција, има мал мотор и евтин е за одржување, така што кој ќе го освои може да си дозволи да го вози и нема да мора одма да го продаде. Не сакам да ви подарам половен автомобил, затоа што ќе имате многу за одржување. Кој знае колку е оштетен, удрен и му е вратена километражата“, рече Бака Прасе.

 

 

Scroll to Top