Турскиот актер Бурак Озчивит, веќе некое време има проблеми во бракот со неговата сопруга Фахрие Евчен, а како главна причина се шпекулира дека е Тара Раид, актерката позната по улогата во комедијата „Американска пита“.
Тара и Бурак се запознале на сетот на трилерот што ги снимаат заедно, „Masha’s Mushroom“. Извори блиски до нив велат дека помеѓу нив постои некаква хемија и дека двајцата често знаеле да се сретнат во гардеробата каде воделе љубов.
„Снимањето заврши, а јас отидов да си ги земам работите. Одеднаш слушнав некои звуци, и неколку секунди ја видов Тара, во далечина, како потполно гола стои пред Бурак“, рекла вработена на сетот.
За потсетување, Бурак и неговата сопруга Фахрие, ја освоија публиката со турските сапуници во кои често играа заљубен пар. Тие беа во врска четири години, а се венчаа во Истанбул во 2017. година.