Згодниот турски актер Бурак Оџевит, познат како доминантниот заводник Балибег во турската серија „Сулејман Величествениот“, на социјалните мрежи се пофали со патување во Африка на кое ужива со својата сопруга Фахрије Евџен.
Кога се смирија шпекулациите за потенцијалниот развој на познатата двојка, и двајцата одлучиле да заминат на релаксација и да ги обноват страстите со патување во Јужна Африка.
Судејќи според фотографиите, кои убавата Фахрије ги објави на својот инстаграм-профил, може да се суди дека двојката навистина ужива во сите магии што Африка ги нуди. Освен што ја истражуваат целата убавина на шарениот Кејпт Таун, се опуштаат и во резерватите со животни галејќи еден леопард, а исто така ги откриваат и скриените плажи и уживаат во забавниот парк.
Иако на почетокот на март имаше шпекулации за аферата со колешката и романскиот пејач Ино, се чини дека Фахрије Евџен сепак преминала преку сето тоа и му докажала на целиот свет дека немало никаква криза во врската. Двојката имаше бајковита венчавка во Истанбул во април 2017 година по што побрза на меден месец на Малдивите, а денеска ужива на новите патувања.