Многу успешни познати личности од Балканот се борат со пороци како што е коцкањето. Тие јавно зборувале за точната сума што ја изгубиле. Меѓу губитниците се пејачите Аца Лукас, Љуба Аличиќ, Дарко Лазиќ, Хари Мата Хари и пејачката Лепа Лукиќ.
Аца Лукас изјавил дека прокоцкал голема сума на пари, но не жали за ништо, пишува Курир.
„Пишуваа дека сум потрошил 70 милиони долари на коцкање. Морам да признаам дека за малку ќе ја погодеа сумата. Не се каам. Никогаш во животот не жалам. Би зажалил доколку направам некои важни грешки. Ако се убив, односно ако се убијам, тоа би значело дека се каам, но еве ме, жив сум. Некои ми велеа дека сум го прокоцкал станот во Белград. Човеку, си мислам пријателе, колку имам среќа што само стан прокоцкав. Прокоцкав цела населба во Белград. Една дебела населба, најскапата. Ама добро, што да правам. Сам си ги заработив, сам ги прокоцкав. Не должам 70 милиони, тоа се мои пари, заработив повеќе од тоа. Ги осигурав децата. Секој има се што му треба. Си создадов живот за себе, моите деца имаат се што им треба“, изјавил пејачот.
Пејачот Љуба Аличиќ многу се коцкл во текот на неговата успешна музичка кариера, но признал дека престанал поради сопругата.
„Мојата сопруга е домаќинка, никогаш не ја пуштам да работи, јас сум тој што го води орото. И честитам затоа што го издржа Љуба Аличиќ кој повеќе се занимаваше со бизнис отколку со домаќински работи. Нормално е дека се коцка Лепа Лукиќ, но таа тоа го крие, имам пријатели кои се коцкаа. Се коцкав, изгубив. Имав проблем со жена ми, кога виде дека го правам тоа, ми рече „вака не може“. И нормално ја почитувам сопругата, многу ја сакам и почитувам и престанав“, признал пејачот.
Лепа Лукиќ прокоцкала стан од 120 илјади евра, а рекла дека се уште не престанала да се коцка.
„Луѓето мислат дека спијам во казино, но за време на корона не излегов 60 дена. Каква глупост е тоа што не излегувам од казино, па не можам да јадам, ниту да спијам“, изјавила Лепа и рекла дека никој не смее да и го пика носот во паричникот.
Српскиот пејач Дарко Лазиќ признал како се ослободил од порокот со кој претходно имал многу проблеми.
„Што се однесува до коцкањето, јас веќе го немам тој порок. Порано преспивав во казино и го прокоцкав станот. Зборувам за период кога бев многу помлад и кога бев навлечен. Не морав да одам на професионална рехабилитација, но ми требаше долго време за да сфатам дека тоа ме води во пропаст. Тешко е да се откажеш одеднаш, треба да си карактер за тие работи. Можеш да изгубиш, па дури тогаш да сфатиш дека можеш да живееш без коцка“, изјавил Лазиќ.
Хари Мата Хари веќе долги години се бори со коцкањето, а во последно време изгубил се што имал, но и брзо заработил од пеење.