Американската ѕвезда од албанско потекло Бебе Реџа веќе некое време е во Хрватска, каде што дојде да настапи на свадба. Неодамна објави неколку видеа од свадбата каде што ги забавуваше гостите.
Сега се пофали и со нови фотографии од Дубровник. Откри дека шетала боса по Страдун и се фотографирала покрај познатите столбови.
„Никогаш нема да си одам. Не можете да ме натерате“, напиша неодамна со објава во која позира во костим за капење и ужива на Хвар.
Освен Хвар и Дубровник, пејачката престојуваше во Сплит, а слободното време го користеше за да ужива во разни активности, како што се возење со чамец, сончање, нуркање и дружење со пријатели на плажа.
Хитот што ја направи позната
Бебе Реџа, чие вистинско име е Блета Реџа, е американска пејачка, текстописец и продуцентка од албанско потекло, родена е во Бруклин, Њујорк. Нејзините родители се албански имигранти од Македонија.
Својата музичка кариера ја започна како текстописец, а нејзиниот пробив се случи со хитот „The monster“ што го напиша за Еминем и Ријана.
После тоа, таа започна соло музичка кариера, позната по нејзината комбинација од поп, хип-хоп и денс звуци.