Ана Бекута на последното снимање на „Ѕвездите на Гранд“ ја нападна својата пријателка Јелена Калеуша.
Карлеуша го пофали преставувањето на еден од кандидатите, но Бекута не се сложи со тоа, па ја нападна: „Дали си глува или се правиш? Што е со тебе, симни ги наочарите што си ги набила, можеби подобро ќе слушаш“.
По што веднаш се вмеша и Саша Поповиќ велејќи: „Ана, не се согласувам. Јелена е во право. Таа одлично слуша и доста добро ги проценува кандидатите. Не можам овој пат да се сложам со тебе.“
Многумина мислат дека Бекута сега е поблиска со Снежана Ѓуришиќ која во последно време е во конфликт со Карлеуша.